Најтрофејниот македонски клуб има водство по пресврт со 2-1 против Шкупи наполувремето од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Под водство на новиот тренер Гоце Седлоски „црвено-црните“ имаа негатва со чаирчани но потоа со головите на Закариќ во 31. минута, и на Николовски во 40. минута заслужено дојдоа до пресврт-предност….
Претходно Шкупи поведе со голот на Јумеми Канда уште во 10. минута…
Силекс има водство од 1-0 против Пелистер на полувремето. Кратовци поведоа уште во 5. минута од натпреварот благодарение на погодокот на Дарко Додев.
Додев постигна вистински евро-гол со шут од 18 метри откосо, погодувајќи во горниот лев агол од голот на „пелистерци“.
Струга ТЛ има предност на полувремето од 1-0 против Работнички благодарение на голот на Кехинде во 33. минута од натпреварот.
И Шкендија води со 2-1 против АП Брера. Шала донесе водство за тетовци во 13. минута, потоа Рамадани во 27. минута зголеми на 2-0, но Ристовски со феноменален погодок пред крајот на полувремето успеа да намали на 2-1.
ПРВА ЛИГА – 14. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: ВАРДАР – ШКУПИ 2-1
Закариќ 31′, Николовски 40′ – Канда 10′
Тетово: ШКЕНДИЈА – АП БРЕРА 2-1
Шала 13′, Рамадани 27′ – Ристовски 42′
Кратово: СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР 1-0
Додев 5′
Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 1-0
Кехинде 33′
Кавадарци: ТИКВЕШ – БЕСА 0-0
Скопје: ГОСТИВАР -ВОСКА СПОРТ 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА