Ракометарите на Вардар го задржаа стопроцентниот ефект во плејофот откако денеска без никакви проблми славеа на домашниот дуел со Струга со убедливи 36-22. Тренерот Алушовски им даде заслужен одмор на дел од првотимците, но „црвено-црните“ и со комбиниран состав експресно го скршија отпорот на гостинскиот состав.
По израманетите 1-1, „вардарци“ во периодот од третата до единаесеттата минута постигнаа девет, а не примија ниту еден гол, стигнувајќи до преубедливи 10-1 и решавајќи го прашањето на победникот. Дарио Симоноски ја прекина серијата на „вардарци“ постигнувајќи го својот прв гол, по што домаќините рутински ја одржуваа предноста. На одмор се замина со 20-10 за Вардар, предност што до крајот на мечот се зголеми до конечните „плус четиринаесет“ за подмладениот состав на тренерот Алушовски.
Димитриоски, Атанасовски и Векиќ беа најефикасни кај Вардар со по седум погодоци, пет постигна Јагуриновски, додека Симоноски со шест гола беше прв стрелец на стружани на дуелот со актуелниот првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА