Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на најдобар можен начин го искористи ремито на конкурентите Воска и Гостивар за да избие на првата позиција на првенствената табела во Втората фудбалска лига на Македонија.
Вардарци денеска на домашен терен славеа против Караорман со 4-1. Стрелци на головите за „црвено-црните“ беа Кристијан Николовски во 11. минута од пенал и Филип Јаневски една минута подоцна со кои по само дванаесет минути стигнаа до 2-0. Во вториот дел домашните на 3-1 зголемија преку Дарко Размоски во 69. минута, додека конечните 4-1 ги постави Роберт Митев во 86. минута.
ВТОРА ЛИГА 20. КОЛО:
ВАРДАР – КАРАОРМАН 2-1
СЛОГА ВИНИЦА – БЕСА 0-1
ТЕТЕКС – ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА) 1-0
ВЧЕРА:
ВОСКА – ГОСТИВАР 0-0
ПЕЛИСТЕР – ОХРИД 3-0
КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – БОРЕЦ 1-1
БЕЛАСИЦА – КАМЕНИЦА САСА 2-0
АРЕСИМИ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА