Ракометарите на Вардар со победа заминаа на зимска пауза, откако во последниот натпревар во 2025 кола триумфираше на гости кај Прилеп со 31-25.
Домаќините се заканија на самиот почеток окако имаа предност од 3-0, а потоа будење на избраниците на Иван Чупиќ и на крајот убедлива победа. Од 3-0 негатива, Вардар веќе водеше со 7-4. Потоа Вардарци дојдоа и со плус пет (13-8) и таа разлика остана на полувреме, и токму таа предност беше клучна.
Во вториот дел прилепчани немаа сили за пресврт, туку само да ја намалат предноста. Вториот дел „црвено-црните“ го добија само со еден гол предност.
Дмитро Хориха беше најефикасен со 10 голови, од 11 обиди. Кај домашните најдобар беше Тренчевски со девет гола од исто толку обиди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

