Вардар со триумфален старт на новата година

Вардар се зацврсти на првото место во Супер-лигата откако „црвено-црните“ славеа во првиот меч од новата година, на домашен терен против Куманово со убедливи 30-20.

Разликата во квалитет беше очигледна, кумановци се бореа колку што имаа сили, но „вардарци“ рутински прокнижија нови бодови. Отпорот на гостите беше скршен експресно, откако Вардар уште во раната фаза отвори со импресивна одбрана и водство од 10-3. На одмор се замина со 13-6. Првото двоцифрено водство беше 18-8 во 38. минута со погодокот на Малус, позитива што „вардарци“ рутински ја контролираа до самиот крај.

Малус беше прв стрелец со осум погодоци, пет постигна Хориха, додека најефикасен севкупно на натпреварот беше гостинскиот ракометар Ончев со 10 постигнати гола.

Се вчитува...