Ракометарите на Вардар се рехабилитираа од поразот во Супер-Купот од Пелистер, победувајќи на стартот од првенството против Струга со 25-38. Избраниците на Иван Чупиќ ја оправдаа фаворитската улога и без поголеми проблеми ја запишаа првата победа во шампионатот.
Стружани беа рамноправен противник само во првите неколку минути, кога имаа и двапати водство од 3-2 и 4-3, а потоа Вардар ја презеде контролата, поведе со 4-5 и водството не го испушти до крајот на мечот. На полувреме беше 11-20.
Најефикасен ракометар кај победничкиот тим беше Кавада Харуки кој постигна девет голови од 11 обиди, а пет гола постигна Ален Ќосевски. Кај Струга најефикасен беше Стефан Андоновски кој запиша седум голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

