Вардар со Захариевски извлече бод со Гостивар, без победник и на дербито во Чаир (ВИДЕО)

Шкупи и Шкендија одиграа без победник (1-1) на Чаир во дербито на 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Вардар, пак, успеа да го задржи некако Гостивар и по двата едноподруго порази да дојде до бод (1-1) во првиот меч со Срѓан Захариевски на клупата. Реми заврши и дуелот меѓу Пелистер и шампионот Струга ТЛ во Битола, а победи забележаа Работнички против Тиквеш (3-1), АП Брера против Беса (3-2) и Силекс убедливо со 0-3 на гостувањето против Воска Спорт во Охрид.

Шкендија успеа да израмни благодарение на извонредниот погодок на Клисман Цаке.

На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, гостиварци дојдоа до водство против Вардар во 20. минута од средбата со погодокот на Алдаир.

Кога се чинеше дека ќе ги однесат трите бода, во 85. минута Босанчиќ донесе бод за црвено-црните и деби без пораз на клупата за Срѓан Захариевски.

Шампионот Струга ТЛ имаше предност од 0-1 во Битола на стадионот „Петар Милошевски“ против Пелистер уште од 16. минута на натпреварот, но домашните израмнија пред паузата.

Но, Пелистер израмни во 45. минута со автоголот на Сава Радиќ по нафрлањето од слободен удар од десната страна пред голот на Струга ТЛ, што се покажа како доволно за конечни 1-1.

Работнички продолжува со одличните игри на стартот од сезоната. „Романтичарите“ триумфираа против Тиквеш на националната арена „Тодор Проески“ со 2-1.

Уште во раната фаза од натпреварот Работнички поведе со голот на капитенот Белица во 24. минута. Мајсторски изведен акција од слободен удар на домашните во три потези. Мазари го изведе слободниот удар, Аломеровиќ одлично асистираше а капитенот Белица од непосредна близина погоди за водство за 1-0…

Во второто полувреме Бразилецот Витао израмни за Тиквеш во 75. минута…

Но, веќе во 80. минута младиот Данев со мајсторија на мало постигнувајќи извонреден погодок донесе 2-1 за тимот од Дебар маало…

На крајот Рехба во првата минута од судиското продолжение заокружи за конечни 3-1 за Работнички.

Во Охрид, Силекс повеќе од заслужено дојде до убедлива победа од 0-3. Марко Ѓорѓиевски погоди извонредно во 61. минута за 0-1.

Потоа и охриѓанецот Валентин Кочоски во 73. минута зголеми на 0-2, за да конечните 0-3 следат во 83. минута со голот на Николиќ.

Во Струмица, АП Брера под водство на новиот тренер Горазд Михаилов се врати на победите триумфирајќи против Беса со 3-2.

ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 3-1
Белица 24, Данев 80′, Рехба 90’+1 – Витао 75′
Струмица: АП БРЕРА – БЕСА 3-2
Ивковиќ 46′, 54′(п), Ѓоргиевски 57′ – Љамалари 66′, Реџепи 88′
Скопје: ГОСТИВАР – ВАРДАР 1-1
Алдаир 20′ – Босанчиќ 85′
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-1
Канда 45′- Цаке 60′
Битола: ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТЛ 1-1
Радиќ 45′(аг) – Кехинде 16′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС 0-3
Ѓоргиевски 61′, Кочоски 73′, Николиќ 83′

Се вчитува...