Вардар со жестока реакција: Дали има поента да се доигра оваа сезона?

Фудбалскиот клуб Вардар реагира на судењето, но не на нивниот натпревар, туку на мечот во Охрид меѓу домашниот тим и гостинскиот Воска. Воска го доби мечот со пенал во финишот од средбата, кој во крајна мера е сомнителен.
„Дали има поента да се доигра оваа сезона? По којзнае кој пат сезонава сведоци сме на катастрофално судење и калкулантско досудување пенали на директните ривали, па по неполн месец од досудување на еден од најскандалозните пенали за екипата на Воска денеска повторно на идентичен начин е подарена победата со непостоечки пенал кој што во најмала мера е комичен како што може да се уверите во видеата. ФК Вардар јавно ја прашува Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Мухамед Сејдини и челниците на судиската комисија дали оваа сезона има однапред решени финални позиции на табелата? Дали ФК Вардар е трн во око некому и дали свесно треба да ја напуштиме лигата?“, прашуваат од ФК Вардар.
Вардар и Воска се борат за второто место на табелата во втората лига запад, кое носи бараж за влез во Првата лига.

Се вчитува...