Билјана Благоеска Петрушева
ФОТО: Кристијан Димевски
Вардар е на чекор до одбрана на титулата во реагионалната СЕХА Гаспром лига. Вардарци обезбедија пласман во финалето на седмото издание на Ф4 турнирот на СЕХА што се одржува во Скпје, откако во полуфиналето убедливо го совладаа Мешков Брест со 33-24 . За „црвено-црните“ ова е шесто финале во седмата сезона на СЕХА лигата и имаат шанса во недела да ја одбранат круната и да станат првиот тим со четири титули во ова регионално натпреварување. Во досегашните седум изданија, македонскиот првак не играше само во финалето на Ф4 турнирот во Веспрем во 2015 година кога беше елиминиран токму од Мешков Брест. За одбрана на титулата на свој терен во Скопје, Вардар в недела ќе се бори со победникот од вториот полуфинален дуел меѓу ППД Загреб и Целје Пивоварна Лашко што се игра вечерва во 20.15 часот.
Вуко Борозан го постигна првиот гол на Ф4 турнирот во Скопје за почетно водство на Вардар во полуфиналето со Мешков Брест. По почетното одмерување на силите со игра гол за гол, вардарци повлекоа и со две контри во 7.минута прв пат дојдоа на +3 (6-3), а три минути потоа Вардар зголеми и на 8-3 врзувајќи пет гола во серија.
Две-три клучни одбрани на Арпад Штербик беа доволни да го исфрлат од ритам нападот на Мешков Брест и да го принудат Сергеј Бебешко рано да го искористи првиот тајм-аут.
Но, „црвено-црните“ имаа целосна контрола на играта и на резултатот со целосна поддршка од Штербик на голот. На серината од полувремето, вардарци веќе имаа водство од 12-6, физичка и тактичка надмоќност на терен. Со вообичаените ротации со Абутовиќ и Канељас во одбрана на местото на Циндриќ и Борозан, а потоа Карачиќ, Раул Гонзалес одржуваше кјонстантност во играта. На спротиванта страна, во Мешков Брест се обидуваа да го покријат отуството на неколкуте повредени играчи. За момент успеаја да се вратат во игра намалувајќи на 12-10 на осум нинути пред крај на првиот дел. Но, Раул Гозналес во вистински момент реагираше со тајм-аут, а тоа донесе и посакуван резултат. Вардарци постигнаа четири гола во серија и за неколку минути одново се одлепија на 16-10, а на одмор заминаа со предност од 17-14.
Доминацијата на вардарци продолжи и во второто полувреме. Штербик беше на своето препознатливо ниво и уште еднаш потврди кој е „газда“ во „Јане Сандански“ оставјќи го Мешков Брест без погодок полни осум минути. Вардарци за тоа време постигнаа пет гола и дојдоа на 22-14. Вардар во ова полуфинале беше пресилен за белорускиот првак кој дефинитивно, немаше сили за пресврт против шампионот. „Црвено-црните“ дури и во моментите кога беа со двајца играчи помалку на терен, поентираа без проблем и ја одржуваа играта на исто ниво.
На стартот од последната четвртина вардарци веќе имаа предност од 26-19, на девет минути пред крај стигнаа до двоцифрена предност од 30-20 и осигурана победа за ново СЕХА финале до кое на крајот дојдоа со убедливи 33-24.
Лука Циндриќ со шест гола го предводеше Вардар во триумфот за финале. Вуко Борозан постигна пет, а Данил Шишкарев, Игор Карачиќ и Иван Чупиќ додоа по четири гола. Уште една извонредна партија на голот на вардарци имаше Арпад Штербик запишувајќи фантастични 20 одбрани. Кај Мешков Брест најефикасен беше Максим Баранау со девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА