Вардар, Тиквеш и Победа дел од меморијалниот турнир „Вуко Каров“

Најтрофејниот македонски фудбалски Вардар, Тиквеш и Победа ќе бидат дел од 21. издание на Традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди“.

„По пауза од 1 година поради пандемијата со Ковид 19,во недела на 25 јули ке се одржи 21-во издание на Традиционалниот Меморијален фудбалски турнир „Вуко Каров и Тиквешките Легенди“.  Оваа година покрај нашиот клуб Тиквеш на турнирот ке учествуваат и екипите на Вардар од Скопје и Победа од Прилеп. Ке се игра по италијански систем, секој со секого по едно полувреме. Свечено отварање на турнирот е закажано за во 16:30 часот,а почетокот на натпреварите во 17:00 часот. Со Почит, ГФК ТИКВЕШ 1930 АД КАВАДАРЦИ“, стои во соопштението од клубот. 

 

 

Се вчитува...