Ракометарите на Вардар славеа на домашен терен со 34-26 против Алкалоид во дербито на 1. коло од плеј-офот во Суперлигата на Македонија.
Домаќините подобро го отворија мечот и брзо стигнаа до предност од 3-0. Гостите заиграа подобро во следниот период па по десет минути игра беше 6-6. До крајот на првиот дел двата тима играа во серии, а по 30 минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 15-13.
„Црвено-црните“ подобро го отворија и вториот дел и со серија од 4-1, успеаја да стигнат до највисоките во тој момент плус пет (19-14). До крајот вардарци само ја зголемуваа својата предност, а мечот заврши со највисоките плус осум 34-26.
Вуко Борозан со девет гола беше најдобар поединец во победничкиот табор, а одличен на голот беше и Еспиња со 12 одбрани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА