Вардар триумфално во Охрид

Ракометарите Вардар триумфираа против Охрид со 21-25 во 8. коло од плеј-офот во Суперлигата на Македонија.

„Гладијаторите“ во чии редови недостасуваа стандардни првотимци, пружија силен отпор на Вардар кој сепак во второто полувреме успеа да стигне до победа во салата „Билјанини извори“.

Матцуока со пет и Кукуловски со четири гола беа најпрецизни во таборот на домашниот тим, додека предводници на Вардар беа Борозан со пет и Јагуриновски и Родригез со по четири гола.

Пред почетокот на натпреварот охридската публика и ракометарите на двата тима, со аплауз ги поздравија пионерите на ГРК Охрид кои станаа државни прваци.

Се вчитува...