Ракометарите на Вардар ја запишаа втората победа во регионалната СЕХА лига. Во првиот натпревар пред својата публика во „Јане Сандански“, вардарци славеа против Горење со 32-19. Претходно, на стартот од новата сезона, „црвено-црните“ го победија Металург.
Актуелниот шампион наиде на неочекувано силен отпор од Горење, во првиот дел од натпреварот, но потоа во второто полувреме, работите брзо си дојдоа на своето место. Решавачката предност за вториот триумф, Вардар ја направи на стартот од второто полувреме кога успеа да се одлепи со недостижна предност за словенечкиот тим.
Вардарци добро го отворија натпреварот и имаа почетно водство од 3-0, а по првите 12 минути водеа со 6-1. Но, потоа следуваше мал пад во играта на домаќинот и офанзива на Горење која им доснесе серија од 7-1 и водство од 7-8 на десетина минути пред крај на првиот дел. По неефикасниот период и миутите без погодок, „црвено-црните“ сепак, успеаја да се вратат во ритам. Играта со двајца пикери во нападот го даде посакуваниот ефект и Вардар на одмор замина со предност од 12-11.
Во второто полувреме, Раул Гонзалес стартуваше со две измени на бековските позиции, Хорхе Македа го замени Дианис Криштопанс на десен бек, а Жоан Канелјас влезе на местото на Игор Карачиќ. Вардарци заиграа поконцентрирано и по првите пет минути ја зголемија предноста на 17-13. Сигурната игра во одбраната и рутинската, ефикасна завршница во нападот, на Вардар му донесе серија од 10-3 по првите десет минути игра и предност од +7 (21-14). Македонскиот првак рутински ја одржуваше позитивата, а отпорот на Горење беше се послаб како одминуваше мечот.
Со седум гола предност „црвено-црните“ влегоа и во последните десет минути од натпревот (25-18) и мирно, без премногу напор ја одржуваа позитивата до крај. Во последната четвртина, тренерот Раул Гонзалес им даде шанса и на помладите играчи во соствот. Своите минути на терен добро ги искористија и во листата на стрелците се запишаа и Војводиќ, Поповски и Ончев. На четири минути пред крај, Војводиќ погоди за двоцифрена прдност на Вардар (29-19), а потоа прецизне беше и Поповски за +11 на „црвено-црните“. Поповски стави и точка на натпреварот со погодокот од седмерец за конечните 32-19
Најефикасен кај Вардар беше Иван Чупиќ со пет гола, а еден помалку постигна Мијајло Марсениќ. Кај Горење прв стрелец беше поранешниот вардарец, Матјаж Брумен, со шест гола.
Следниот натпревар во СЕХА лигата вардарци го играат на 8 септември, повторно на домашен терен, против Мешков Брест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА