Вардар убедлив против Македонија ЃП по само едно полувреме, Воска води со Брегалница, Силекс во Гостивар (ВИДЕО)

Вардар игра убедливо прво полувреме против Македонија ЃП во 6. коло од Првата македонска фудбалска лига, обезбедувајќи водство пред паузата од 2-0.

„Вардарци“ беа далеку подобар противник од „лавовите“ сосема заслужено доаѓајќи до предност.

Најпрво во 25. минута капитенот Мицевски од пенал донесе 1-0, а потоа во 33. минута стрелаше и Омерагиќ за водство од 2-0.

Воска спорт, пак, има предност од 1-0 против Брегалница во Охрид. Уште во 14. минута од натпреварот Воска спорт поведе по една прекрасна акција со голот на Алекса Марушиќ…

Уште Силекс има водство од 0-1 на денешните дуели, на гостувањето против Гостивар благодарение на автоголот на Гоба Закпа во 40. минута од средбата…

На дербито на колото меѓу Шкендија и Шкупи во Тетово нема голови, како и на дуелот во Струмица меѓу АП Брера и Работнички.

ПМФЛ – 6. КОЛО (прво полувреме)
Охрид: ВОСКА СПОРТ – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Марушиќ 14′
Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
Мицевски 25′(п), Омерагиќ 33′
Гостивар: ГОСТИВАР – СИЛЕКС 0-1
Закпа 40′(аг)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 0-0
Струмица: АП БРЕРА – РАБОТНИЧКИ 0-0
Понеделник (4. септември, 16 ч.)
Струга: СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ

Се вчитува...