Вардар убедлив против Тетекс на тестот во Маџари

Фудбалерите на Вардар, искористувајќи ја паузата во домашниот шампионат, поради репрезентативните настап одиграа пријателски натпревар со второлигашот Тетекс.

На дуелот кој се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, „вардарци“ убедливо славеа против „штофарите“ со 3-0.

Тимот на Александар Васоски до победата дојде со головите на Омерагиќ во 16. минута, Глишиќ во 35. минута и Биљали во 48. минута.

Се вчитува...