Ракометарите на Вардар запишаа убедлива победа од 23-32 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци, во 9. коло од Суперлигата на Македонија.
„Вардарци“ сосема заслужено дојдоа до победата по одлично одиграното второ полувреме низ кое целосно доминираа, откако претходно првиот дел мина низ рамноправна игра завршува со предност од само еден гол (11-12) за Вардар.
Но, во вториот дел, по 15-15, црвено-црните презедоа комплетна контрола на играта за на крај убедлив триумф од 23-32.
Ашраф Маргели со 8 гола беше најдобар поединец кај Вардар, а одлична партија одигра и Младен Крсманчиќ со 6 погодоци. Кај Тиквеш се издвои Кристијан Анастасовски со пет постигнати погодоци.
Мечот го одбележа и незгодната повреда на Нилтон Мело во второто полувреме кој доби удар во главата од противнички ракометар, па по интервенцијата на лекарскиот тим беше пренесен и во медицинскиот центар во Кавадарци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА