Вардар убедливо со 34-21 го совлада домаќинот Охрид, на турнирот „Крсте Андоновски“ во мечот одигран во салата „Билјанини Извори“.
Победникот во голема мера беше познат уште по првиот дел, кога „црвено-црните“ имаа предност од 16-9, а во вториот дел само ја зголемуваа предноста и на крајот за плус 13.
Вардар утре ќе игра против Партизан, додека Охрид ќе се сретне со Целје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА