Вардар убедливо поразен од Динамо Загреб на „Максимир“ (ВИДЕО/ ФОТО)

Вардар доживеа убедлив пораз од 3-0 на гостувањето против Динамо Загреб на „Максимир“ во рамките на подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

„Модрите“ беа далеку подобар противник на терен решавајќи го победникот уште во првите 45 минути. Најпрво Куленовиќ погоди во 37. минута за 1-0, а Пјаца во 45. минута зголеми на 2-0.

Во второто полувреме, Торенте во 84.минута ги постави конечните 3-0.

Се вчитува...