Вардар успеа да спречи сензација на Охрид во Скопје

Двократниот европски шампион Вардар успеа да слави на домашен терен против ГРК Охрид со 29-26 во дерби натпреварот од 11. рунда од новата сезона во ракометната Суперлига на Македонија.

Откако гостите подобро го отворија мечот и брзо поведоа со 1-3, успеваа предноста да ја држат во поголемиот дел од првото полувреме во кое имаа и плус три 7-10. Сепак,  избраниците на Столе Стоилов успеаја да ја најдат својата игра во финишот и со серија од 7-1 на пауза да заминат со позитива од три гола (14-11).

Како и првото полувреме, така се движеше и второто. Охриѓани повторно подобро почнаа и во поголемиот дел од вториот дел ја имаа предноста, се до последните десет минути, кога вардарци повторно одиграа на ниво и на крајот стигнаа до конечен триумф од 29-26.

Стефан Петриќ со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа седумте погодоци на Живан Пешиќ.

Се вчитува...