Вардар утре од 17 часот на терените во Хиподром ги почнува подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Шефот на стручниот штаб, Горазд Михајлов утре ќе ја има првата прозивка на тимот означувајќи го почетокот на подготвителниот период, откако обезбедени се средства за регулирање на актуелните обврски и заостанатите долгови кон фудбалери.
„Комитите“, како што е познато, претходно информираа дека е постигнат договор за нов инвеститор и раководство на Вардар, кое се очекува официјално да биде промовирано во текот на наредните денови.
Вардар во новата сезона тренинзите ќе ги реализира во Хиподром, а како што информираат од клубот, натпреварувачки низ сезоната 2024/25 повторно се враќа на арената „Тодор Проески“ каде ќе се играат сите домашни натпревари.
Сосема е јасно дека на тимот, за стабилна прволигашка сезона, ќе му бидат неопходни сериозни засилувања, посебно и по неколкуте заминувања на стандардните првотимци од минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА