Вардар веќе договори пет теста за подготовките во Анталија, нема да има големи промени во играчкиот кадар!

Актуелниот лидер во македонскиот шампионат по есенскиот дел, екипата на Вардар веќе го утврди и календарот на зимските подготовки за вториот дел од сезоната.

„Црвено-црните“ со подготовки ќе почнат на 12 јануари, а потоа од 21 јануари се селат во турска Анталија каде ќе останат до 3 февруари. Во Анталија во овој момент се закажани и пет пријателски натпревари, со Јабланец, со Мотор Љублин, Динамо Махачкала, со Ахмет Грозњи и на крај Алашкерт.

„Минатата година ова време бевме претпоследни имавме 13 бодови од 18 меча, сега имаме 42 бода од 16 меча што само ја кажува разликата. После шест години сме есенски прваци. Страшен напредок на играчите има во нивен перформанс и затоа имаме вакви резултати. Брзина, издржливост, дуели, кратки спринтови… Од резултатите кои ми се важни, сезонава имаме победи над Шкендија во гости, како и Силекс дома… Од 2017 година немавме триумф над Шкендија. За Шкупи ги добиваме сега многу. Очигледно дека имаат проблеми и јас им посакувам да се извлечат од ова“ – рече извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски на денешната прес-конференција.

Неделковски информираше и дека зимава нема да има големи промени во играчкиот кадар, може едно до две нови имиња.

„Нема да има големи промени во играчки кадар, односно може само еден двајца да си одат, кои не се првотимци, а да земаме некои посебно играчи не планираме“ – информираше Неделковски.

Се вчитува...