Амбициозната управа на ОК Вардар направи уште еден храбар чекор, пријавувајќи ги и машкиот и женскиот клуб за учество во европските клубови за наредната сезона. „Црвено-црните“ најавуваат атак на трофеите на домашната сцена, но истовремено и се решија за европска авантура, пријавувајќи го учеството во ЦЕВ Челинџ-купот за 2020/21. Машкиот клуб на Вардар и минатата сезона беше дел од европските купови, а големо „освежување“ е апликацијата на женскиот клуб, со што по подолга пауза мак-одбојката ќе има свој претставник во европските натпреварувања.
„Наша цел како управата е клубот да продолжи да се развива на сите полиња, а тоа ќе биде невозможно доколку неиграме натпревари со други клубови од Европа, за да видиме до каде сме стигнале и што ни е потребно за уште повеќе да напредуваме. Затоа и го остваривме она што го ветивме – Вардар редовно да учествува во европските купови, пријавувајќи ги двете екипи во Челинџ-купот. Желба ни е со машкиот клуб да минеме барем едно коло, додека за девојките примарна цел е собирање на неопходното искуство за натамошен напредок во нивните кариери“, изјави претседателот на Вардар, Влатко Серафимов.
ЦЕВ дополнително ќе ги објави термините на ждрепките, но с е очекува двете македонски екипи своите европски натпревари да ги играаат во месец ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА