Вардар поведе во финалето на Купот на Македонија на Националната Арена „Тодор Проески“. Стрелец на голот е Михаил Талевски, кој по една нафрлена топка од десната страна на Јанкулов, се најде на вистинското место и ја смести зад грбот на Ќосевски во 26. минута од мечот.
Инаку во првите 20 минути, Струга ТЛ имаше две полушанси. По една конфузија на одбраната на Вардар по изведен корнер на стружани, Талески успеа на крајот да интервенира. Претходно обид и на Укпа која заврши над голот.
Инаку до голот се играше доста внимателно од двете страни, и главно на средината на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

