Вардар во финишот испушти триумф над Струга, по реакција на ВАР-системот (ВИДЕО)

По онаа срамна елиминација од второлигашот Охрид во Купот на Македонија, Вардар не успеа да дојде до победа и втор едноподруго натпревар, овој пат ремизирајќи (1-1) на гостувањето против Струга ТЛ во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Вардар имаше предност речиси целиот натпревар по раното водство уште од 13. минута, но стружани дојдоа до бодот со голот на Малески во 80. минута од средбата.

Вардар почна одлично, успевајќи да поведе во раната фаза на мечот, откако Матиќ одлично се снајде по еден корнер од десната страна и со прецизен удар со глава го матираше домашниот голман. Стружани се обидуваа да се вратат, најопасен беше Радески, во второто полувреме зовреа и страстите на теренот со неколку груби стартови.

Домаќинот успеа да израмни на десетина минути пред крајот на мечот откако целосно доминираше во второто полувреме во кое Вардар беше во подредена ситуација.

По еден скратен корнер и спуштена топка со глава, Малески се најде осамен и од пет метри ја смести во мрежата. Помошниот судија најпрвин покажа офсајд, но по прегледувањето на снимката, и реакција на ВАР-системот, беше утврдено дека домашниот фудбалер не се наоѓал во недозволена положба и голот беше признаен за 1-1.

Претходно, денеска Работнички сосема очекувано славеше против Шкупи со 3-0.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...