Вардар во преговори со Танкоски од Е. Пелистер

Вардар не успеа да стигне до шампионската титула која остана во Битола, но „црвено-црните“ веќе работат активно на нови засилувања со кои во наредната сезона повторно ќе го нападнат првото место во домашниот шампионат.

Веќе се потпишани Португалецот Мигел Пинто и украинскиот репрезентативец Горига, а следен на листата со желби на Вардар е Марио Танкоски. Овој ракометар во последните години го носи дресот на Е. Пелистер, но разочаран поради премалата минутажа сезонава сериозно размислува за заминување од таборот на битолчани. Разговорите меѓу двете страни се веќе во тек и лесно може да се случи во наредниот период да дојде и до потпис на договорот, со што Танкоски би се вратил назад во Скопје, каде имаше одлични настапи во дресот на Металург.

Марио Танкоски е еден од најмалку двајцата македонски ракометари кои летово ќе си заминат од Е. Пелистер. Вториот е голманот Кизиќ, кој уште пред извесно време ги договори условите за преселба во таборот на Алкалоид.

Се вчитува...