Вардар во тетовскиот „пекол“, лидерот гостува кај шампионот

После поразот од Силекс на домашен терен, Вардар е пред тешка мисија. Како да се „извади“ за тој пораз на гостување кај Шкендија, која исто така „ранета“ го очекува овој дуел, после неуспехот со Гостивар.

Шкендија важи за фаворит, имајќи ја во предвид позицијата на табелата, играчкиот кадар и домашниот терен. Тетовските „црвено-црни“ имаат две победи и едно реми пред својата публика сезонава.

Неверојатен е фактот дека Вардар нема победа над Шкендија на последните 18 меѓусебни натпревари. Последната победа „црвено-црните“ ја имаат пред седум години, или во 2017 година кога славеа со 4-2. Од тогаш па наваму и во првенството и во Купот славела Шкендија, или дуелите завршувале без победник.

„Многу важен натпревар за нас и го чекаме во добра атмосфера. Очекуваме да победиме. Знаеме сите колку е ова важен меч за нас. Знаеме дека публиката ќе биде многубројна и дека ќе имаме силна поддршка. Им порачувам на навивачите да ги игнорираат провокациите кои може да дојдат од други страни. Да се фокусираме само кон натпреварот и заедно да славиме. Дефинитивно тимот е психолошки подготвен да реагира. Знаеме како да се вратиме од вакви ситуации. Против Гостивар имавме лош ден, но и среќата не беше на наша страна. Меѓутоа сега гледам тим кој е подготвен да се врати на победите“, рече Клисман Цаке, фудбалерот на Шкендија.

Шампионот Струга ТЛ е пред нов тежок предизвик. Во Струга гостува моменталниот лидер, тимот на Гостивар кој доаѓа кај првакот на чело на табелата, после победата над Шкендија. Струга ТЛ, пак, како актуелен првак имаше лош почеток на сезоната, односно во последно време не игра шампионски, па можеби ова е одлична шанса за почеток на една добра серија и фаќање приклучок кон врвот на табелата.

Тиквеш после одличната игра минатото коло во Струмица, на домашен терен го пречекува Силекс, а интересен дуел и на Националната Арена „Тодор Проески“, каде Работнички го чека Шкупи. Во Струмица Брера игра против Пелистер, додека во Гостивар, Беса ќе се „судри“ со Воска Спорт.

ПМФЛ, 8. КОЛО

ДЕНЕСКА, 14:00 ЧАСОТ

Кичево: ТИКВЕШ – СИЛЕКС

Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР

Струга: СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР

Гостивар: БЕСА – ВОСКА СПОРТ

Скопје, нац. Арена „Тодор Проески“: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

Струмица, стадион „Благој Истатов“: БРЕРА – ПЕЛИСТЕР

ТАБЕЛА:

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...