Ракометниот шампион на Македонија Вардар денеска ќе го одигра реванш дуелот против хрватскиот ППД Загреб во четвртфиналето од регионалната СЕХА лига. Вардар по првиот меч во Скопје има предност од четири гола, но тренерот на „црвено-црните“ вели дека не смее на денешниот меч да ја бранат предноста од првиот натпревар.
„Црвено-црните“ беа учесници на досегашните девет фајналфор турнири во регионалното натпреварување, низа што ќе се обидат ја продолжат и да стигнат до билет за Задар.
„Искрено, сигурно дека не очекува еден тежок натпревар. Сметам дека ќе мора да одиграме исклучително добро, но ако одиме таму да браниме четири разлика, нема да минеме. Мора да играме во Загреб да победиме. Дури и да не бидеме најдобри, ќе загубиме еден разлика или ќе одиграме нерешено. А, ако калкулираме и го гледаме семафорот и ако играме на таков начин, нема да играме на Ф4. Загреб ќе игра сериозно, турнирот се игра во Хрватска и ќе имаат свои мотиви. Јас би сакал Вардар да остане тимот кој ќе игра на Ф4 од самиот старт во СЕХА. Многу ќе зависи од тоа како ќе се отвори мечот, како ќе биде судењето и дали ќе се дозволи груба игра. Постојат многу фактори на кои мора да се стави внимание. Факторот среќа секогаш е присутен, но на него не можеш секогаш да сметаш. Шансите се на наша страна, четири гола предност е добра разлика, ако дадеме над 20 гола противникот ќе мора да постигне пет гола повеќе. Навивачи во сала? Тоа ќе оди во наша корист“, изјави Вујовиќ.
Натпреварот меѓу ППД Загреб и Вардар е со почеток во 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА