Вардар води против Работнички со 0-1 во градската пресметка од 22. коло во Првата македонска фудбалска лига, а Силекс има убедлива предност од 0-3 на гостувањето против Беса, во единствените два натпревари каде има погодоци по првите 45 минути во денешната прволигашка програма.
„Вардарци“ до водство дојдоа со голот на Едиз Спахиу во 36. минута од средбата.
Претходно, црвено-црните имаа можност да поведат и преку пенал, но Азер Омерагиќ не успеа да реализира удар од белата точка.
Силекс, пак, ја „торпедираше“ Беса по првите 45 минути. Најпрво, Ади Алиќ на најдобар можен начин го одбележува својот 23-ти роденден носејќи водство за својата екипа уште во 3. минута од средбата.
Преку убав напад на кратовци, Алиќ рутински реализираше од непосредна близина продолжува ја својата извонредна гол-форма на стартот од пролетниот дел од сезоната.
Во 30. минута по убавиот напад од левата страна, Марко Ѓорѓиевски мајсторски реализираше за 0-2.
А, веќе во 37. минута Хрвановиќ преку фудбалско ремек-дело зголеми и на 0-3. Најпрво во соло-продор од 50 метри успеа да дојде до голот на домашните и со шут од 18 метри откосо прецизно стрелаше за убедлива предност на Силекс.
На останатите натпревари нема погодоци по првото полувреме. Гостивар, исто така, промаши пенал за водство на гостувањето против АП Брера во Струмица. Алпер Потук не успеа да реализира од белата точка за гостиварци.
ПМФЛ – 22. КОЛО (прво полувреме)
Струмица: АП БРЕРА – ГОСТИВАР 0-0
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-1
Спахиу 36′
Гостивар: БЕСА – СИЛЕКС 0-3
Алиќ 3′, Ѓорѓиевски 30′, Хрвановиќ 37′
Битола: ПЕЛИСТЕР – ВОСКА СПОРТ 0-0
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 0-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

