Вардар води со Тиквеш, на полувремето предност и за Воска Спорт против Работнички и Струга ТЛ со Брегалница (ВИДЕО)

Вардар има водство од 1-0 против Тиквеш на полувремето од последното есенско коло во Првата македонска фудбалска лига.

„Вардарци“ до предноста против кавадарчани дојдоа со голот на Дарко Глишиѓќ во 23. минута од натпреварот.

Шампионот Струга ТЛ, пак, на домашен терен води со 1-0 против Брегалница. Водство за стружани донесе Басироу уште во 12. минута, по корнерот од десната страна.

Шкендија и Силекс во Тетово играат без предност за ниту една од екипите. Шкендија поведе со голот на Аганспахиќ уште во 8. минута од натпреварот, но Марко Ѓорѓиевски успеа да израмни од пенал за Силекс во 18. минута.


На дуелот во Охрид, Воска Спорт има предност од 1-0 против Работнички со голот на Јахији во 40. минута од средбата.


ПРВА ЛИГА – 18. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: ВАРДАР – ТИКВЕШ 1-0
Глишиќ 21′
Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1-1
Аганспахиќ 8′ – Ѓорѓиевски 18′(п)
Струга: СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Басироу 12′
Струмица: АП БРЕРА – ШКУПИ 0-0
Охрид: ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ 1-0
Јахији 40′
ВЧЕРА
Гостивар: ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
Кехинде 90′(п)

Се вчитува...