Втора година по ред, Вардар обезбедува директно четвртфинале во Лигата на шампионите. Утре (17 ч.) Вардар ја пречекува Висла во последниот натпревар од групната фаза, но независно од исходот од овој дуел, денешното реми меѓу Рајн Некар Левен и Нант ги реши дилемите и првото место на вардарци.
Според системот на натпреварување во ЛШ, првопласираните екипи во групната фаза (Вардар и ПСЖ) го пресконуваат осминафиналето што ќе се игра од 16 до 21 март и директно во четвртфиналето ќе се борат за пласман на Ф4. А, потенцијален противник на „црвено-црните“ според шемата, ќе им биде победникот од осминафиналниот дуел меѓу ПИК Сегед и четвртопласираната екипа од групата Б, односно, Кјелце или Кил.
Полскиот тим по денешниот триумф над Мешков Брест (33-28) моментно е четврти, а Кил е петти во групата Б. Доколку германскиот тим утре го победи ПСЖ во Париз, тогаш ја презема четвртата позиција и оди на ПИК Сегед во осминафиналето од ЛШ. А, Вардар ќе го чека победникот од овој дуел во следната четвртфинална фаза.
Првиот натпревар од четвртфиналето на 18/22 април, Вардар ќе го игра во гости, а реваншот на 25/29 април ќе биде во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА