Вардар за киксот со прилепчани ќе се вади против штипјани…

По поразот од Победа во претходното коло за Вардар не останува ништо друго освен апсолутен атак на триумф на средбата против Брегалница во 22. коло од Првата македонска фудбалска лига денеска од 14 часот на „Телеком арената“ во Скопје.

Во битката за шампионската титула за „црвено-црните“ мора да стигнат до трите бода против тимот кој, пак, грчевито се бори за опстанок во прволигашката конкуренција.

„Јасно е дека победата е единствениот наш императив. Мора да го заборавиме натпреварот со Победа и единствено да се концентрираме на дуелот со Брегалница на кој мора да дојдеме до трите бода“ – велат од таборот на Вардар.

Но, од друга страна, поранешниот „вардарец“ Ристе Наумов, сега централен напаѓач на Брегалница потенцира дека „сините“ не патуваат во Скопје за однапред да се предадат.

„Знаеме дека Вардар е голем фаворит. Не сакаме да се залетуваме, но сигурно не одиме во Скопје однапред да се предадеме. Ќе се обидеме максимално да му парираме на Вардар, па ќе видиме што ќе биде“ – вели Наумов.

ПМФЛ – 22. КОЛО (денеска, 14 часот)

Скопје: ВАРДАР – БРЕГАЛНИЦА

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА

Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП

Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА

Охрид: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ

Се вчитува...