Со 13 бода предност во однос на второпласираната Шкендија, бранителот на титулата Вардар речиси сигурно е и новиот македонскиот шампион за сезоната 2016/2017… Се разбира, доколку не се случи некое чудо до крајот, за кое објективно веќе не веруваат ниту во Шкендија.
Па, сосема е јасно дека „вардарци“ и трета година по ред ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите. Како што е познато, уште за следната сезона УЕФА одлучи натпреварите во ЛШ да се реализираат согласно постоечкиот формат, по што ќе следат промени од сезоната 2018/2019.
Вардар и ова лето ќе стартува од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ сега имаат највисок рејтинг коефициент од македонските екипи – 5.125, но повторно остануваат на листата на аутсајдери пред ждрепката за квалификациите за ЛШ. Овој пат, сепак, се веќе и на самата граница меѓу листата на носители и листата на аутсајдери. Во овој момент, согласно коефициентот е на 20. место од 34 европски шампиони кои ќе се најдат во ждрепката за 2. квалификациско коло за ЛШ.
На листата на носители ќе бидат 17 екипи, а веќе со сигурност се познати и 14 од можните противници на Вардар, иако во дел од земјите шампионатите се уште се во тек. Тоа се Селтик, Салцбург, Копенхаген, Лудогорец, БАТЕ Борисов, Марибор, Карабах, Малме, Астана, Розенборг, шампионот на Хрватска (Ријека или Динамо Загреб), шампионот на Србија (Ц. Звезда или Партизан), шампионот на Израел и шампионот на Кипар (АПОЕЛ, Аполон или АЕК Ларнака).
Неизвесно е во полскиот шампионат меѓу Јагелонија, Легија и Лех Познањ и Лехиа Гдањск со 3.950 ако Јагелонија или Лехиа.
НОСИТЕЛИ ВО 2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ЗА ЛШ – СЕЗОНА 2017/2018
1. Селтик (Шкотска) – коефициент 42.785
2. Салцбург (Австрија) – 40.570
3. Копенхаген (Данска) – 37.800
4. Лудогорец (Бугарија) – 34.175
5. БАТЕ Борисов (Белорусија) – 29.475
6. Марибор (Словенија) – 21.125
7. Карабах (Азербејџан) – 18.050
8. Малме (Шведска) – 16.945
9. Астана (Казахстан) – 16.800
10. * Шампион на Хрватска (Ријека или Динамо З.) – 15.550
11. Розенборг (Норвешка) – 12.665
12. * Шампионот на Израел – 10.875 – 23.375
13. * Шампион на Србија (Ц. Звезда или Партизан) – 7.325 – 16.075
14. * Шампион на Кипар (АПОЕЛ, Аполон или АЕК) – 6.210 – 26.075
15. Хафнарфјордур (Исланд) – 6.175
16. Жилина (Словачка) – 5.850
17. Жалгирис (Литванија) – 5.825
ЗАБЕЛЕШКА: * Се уште не се познати шампионите на Албанија, Молдавија, Полска и Унгарија. Доколку се тоа Скендербег, Шериф Тираспол, Легија Варшава и Видеотон, исто така влегуваат на листата носители во 2. квалификациско коло, на местата на Хафнарфјордур, Жилина и Жалгирис.
* ФК ВАРДАР со коефициент 5.125 е на 20. место согласно распределбата, според коефициент, од 34 европски шампиони кои ќе се најдат во ждрепката за 2. квалификациско коло
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА