Со многу среќа и со огромен напор во моментите кога требаше да се враќа од работ на бездната, Вардар успеа да извлече резултат кој му одговара во четвртфиналниот реванш од СЕХА лигата со Нексе и да обезбеди пласман на Ф4 турнирот.
Очигледните слабости видливи и во подготвителниот период му се по вторија на Вардар и вечерва во „Јане Сандански“ и за резултати какви што се очекуваат од актуелниот европски и регионален првак ќе треба големо подобрување.
Завршниот турнир во СЕХА е по две недели и дотогаш Вардар има можност и простор за подобрувања кои ќе му бидат неопходни за да може прво да го мине Загреб во полуфиналето, а потоа и евентуално да се бори за титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА