Продолжува лошата серија на македонскиот ракометен шампион Вардар, откако црвено-црните денеска забележаа нов пораз, овој пат во СЕХА лигата на гостувањето во Нашице кај хрватскиот Нексе од 36-32.
Домаќините подобро го отворија натпреварот и во текот на првите 30 минути ја држеа предноста, која со добрата игра во финишот избраниците на Стевчо Алушовски успеаја да ја доведат на само еден разлика (15-14). Вториот дел продолжи во израмнет ритам се до 45. минута кога домаќините повторно направија поголема разлика, која во 48. изнесуваше и плус пет 28-23.
До крајот успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до третиот триумф сезонава во СЕХА. За Вардар ова беше втор пораз по оној на гостувањето кај Мотор Запорожје. Кевиќ и Јагањац со по 8 гола беа најдобри поединци кај победникот, додека кај Вардар најефикасен беше Тимур Дибиров со девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА