Најтрофејниот македонски клуб Вардар го одигра и четвртиот натпревар на подготовките за кам-бекот во ПМФЛ кои ги одработува на Златибор.
Денеска „црвено-црните“ загубија од Дубочица со минимални 0-1. Клучниот момент во натпреварот се случи во 77. минута кога српскиот тим го постигна победничкиот погодок.
Претходно на подготовките во Златибор, вардарци славеа над Смедерово со 1-0 и Бокељ со 2-1, додека со Металац одиграа 1-1.
Претходно во Македонија ремизираа со Арсими 1-1 и славеа над Тетекс со 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА