Ракометарите на Вардар, откако си ја прославија шампионската титула, го доживеаја првиот пораз во Суперлигата. Во 9. коло од Суперлигата „вардарци“ кои настапија главно со ракометари од кадетскиот состав загубија на домашен терен од Пелистер со 26-30 (14-16).
Битолчани се борат за освојување на четвртата позиција на табелата која води во европските купови следната сезона, па на едно коло пред крајот успеја да стигнат до значајна победа против Вардар кој играше колку да се одигра натпреварот.
Пред последното коло од шампионатот, Пелистер сега има 6 бода, исто колку и Бутел и Пролет кои се на делба на посакуваното четврто место. Во последното коло на 2. јуни Пелистер на домашен терен го пречекува тимот на Пролет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА