Вардар загуби од Звезда во меч со многу емоции во чест на Кочани (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Вардар и Црвена звезда одиграа хуманитарен натпревар во чест на жртвите од Кочани на „Тодор Проески“ арената на кој славеа гостите од Белград со 1-3.

Сепак, резултатот на овој меч беше во втор план, бидејќи и двата тима испратија моќна порака, но и помогнаа да се соберат средства за фамилиите на настраданите од дискотеката „Пулс“.

Вардар поведе со голот на Маневски во 28. минута, погодок кој фудбалерот на „црвено-црните“ го постигна на една од жртвите во Кочани, поранешниот фудбалер на Шкупи, Андреј Лазаров.

Звезда до крајот на првиот дел направи целосен пресврт со головите на Илиќ и Катаи во 41. односно 44. минута, додека конечните 1-3 ги постави Сремчевиќ во 86. минута.

Се вчитува...