Вардар закажа уште еден тест во Анталија: Утре против Сараево

Екипата на Вардар утре ќе ги одмери силите против Сараево. Ова е дополнително закажан тест, со оглед дека „црвено-црните“ требаше да одиграат уште само против Алашкерт.

Потоа на 2. февруари со Алашкерт завршува серијата на тестови на подготовките во Турција. Мечот со Сараево ќе се игра утре од 17:15 часот по македонско време.

Вардар исто така договори и контролна средба против Осогово која ќе се одигра на 7. октомври, пет дена пред почетокот на пролетниот дел од првенството.

Се вчитува...