Дерби пресметката меѓу Шкупи и Вардар во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига на Чаир мина во крајно коректна атмосфера и на трибините и на теренот, со доминација и заслужена победа на „црвено-црните“ кои сега се веќе сериозно блиску до новата шампионска титула.
Но, рутината на терен воопшто не значеше дека беше и здодевно попладнево на Чаир… Напротив, имаше интересни моменти и за фоторепортерите… Интересно е да се види „вардарецот“ Јасир Асани, кој како позајмен пролетва игра за Шкупи иако се уште е фудбалер на Вардар. Асани, согласно договорот меѓу двата клуба не смее да игра на дуелите против „црвено-црните“… Но, во договорот стои дека не смее да игра против Вардар, а не и дека не смее да навива против Вардар… Па, Асани денеска диригираше со навивачката група „Шверцери“…
На небото во еден момент и дрон лета, иако сето тоа не беше ниту најмала пречка „вардарци“ комплетно да се фокусираат на играта на терен. Па, со нова победа, за нив и оваа пролет титула ќе цвета…
[new_royalslider id=”607″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА