Вардар славеше над фаворитот Мелсунген во последното коло од ЕХФ Европската лига, а во главна улога беше голманот Еспиња, кој со 15 успешни интервенции успеа да ги неутрализира избраниците на Парондо и да го трасира патот кон победата.
Одличното издание на португалскиот голман беше наградено и со место во Топ 5 рангирањето за најдобри интервенции во ова шесто коло, во кое Еспиња се најде на врвот, оставајќи го зад себе фантастичниот Андреас Волф од Кил.
Погледнете ја оваа двојна интервенција на голманот на „вардарци“ со која го освои првото место во ова рангирање…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА