Вардарецот Роџерс Мато стрелец…, но Уганда по поразот од Нигерија заврши со Африканскиот куп на нации (ВИДЕО)

Фудбалерите на Нигерија и Тунис обезбедија место во осминафиналето на Африканскиот куп на нации.

Нигерија го направи тоа доминантно преку групата Ц, со максимални три победи и гол-разлика од 8-4.

Во третото коло, Нигеријците ја победија Уганда со 3-1 во чии редови настапи најдобриот вардаров фудбалер Роџерс Мато, кој беше стрелец и на единствениот гол за својата селекција.

Мато погоди во 75. минута за конечни 3-1 на натпреварот, колку да го ублажи поразот на Уганда која со едно реми и два порази ги заврши своите настапи на Африканскиот куп на нации како последна во групата.

Тунис, кој „само“ ремизираше 1-1 против Танзанија, исто така ќе помине од групата Ц, која ќе го чека исходот во другите групи и конечниот пласман на третопласираните селекции.

Се вчитува...