Одбојкарките на Вардар без борба ќе се пласираат во втората рунда од Челинџ-купот на ЦЕВ откако нивниот противник Хаменлина најавил откажување од европското натпреварување.
Првиот меч меѓу Вардар и Хаменлина требаше да се игра на 12 ноември, но финскиот клуб веќе ги известил „црвено-црните“ дека нема да допатува во Македонија. Како причина се наведува новиот бран на коронавирус, како и препораката на финските власти нивниот клуб да не патува во нашата држава.
Челниците на Хаменлина веќе ги известиле раководните луѓе во ОК Вардар за ваквиот развој на настаните и се очекува уште писмено да ги известат органите на ЦЕВ, по што македонскиот клуб без борба ќе стигне до пласман во втората рунда од ова европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА