Ракометарките на Вардар целосно ја оправдаа фаворитската улога во пресметката со ЖРК Металург во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со убедливи 19-45 и сосема заслужено закитувајќи се со петтиот пехар во ова натпреварување.
Како што можеше да се очекува, прашањето на победникот беше решено уште на самиот почеток, откако „вардарки“ создадоа огромна предност, експресно потврдувајќи ја на терен разликата во класи меѓу двата тима. На одмор се замина со двоцифрена предност на фаворитот од 21-10, за потоа Вардар да продолжи во ист ритам и во вториот дел, за конечна победа од 26 гола разлика.
Најефикасна кај „вардарки“ беше Александра Лакрабер со 12 погодоци, седум гола постигна Ристовска а по пет Радичевиќ и Човиќ.
Во составот на Металург се издвоија Марија Николиќ и Сања Дабевска со по четири постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА