„Вардарки“ до двојна круна во женската кошарка

Кошаркарките на Вардар се закитија со титулата во македонското првенство, комплетирајќи ја двојната круна откако минатиот месец го освоија и трофејот во Купот на Македонија.

Идентично како и во куп-финалето, и во првенството „вардарки“ за ривал го имаа актуелниот првак Бадел. Сепак, „баделки“ со значително послаб состав од ланскиот немаа шанси да им парираат на поквалитетните противнички, па Вардар ја доби финалната серија со максимални 3-0 во победи (75-44, 63-83 и 79-65)

Сосема заслужено, МВП наградата повторно замина во рацете на Славица Наков, која го доби признанието од претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

Се вчитува...