Импресивниот настап и заслужената победа над ФТЦ Будимпешта беше причина „вардарки“ да се најдат во изборите за најдобри на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите.
Драган Цвијиќ, која имаше импресивно деби постигнувајќи седум погодоци, е избрана за една од трите ѕвезди на колото, заедно со голманката на Ѓер, Ева Кис, и ракометарката на Турингер, Ивета Лузумова.
Исто така, Ина Суслина се најде на Топ-листата од најдобри голмански интервенции. Русинката го освои петтото место, на врвот се најде Дарли де Паула од Будуќност, а целокупната Топ 5 листа можете да ја погледнете на следниот ЛИНК .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА