Вардарки и вторпат сезонава подобри од шампионот Баскет Кам

Кошаркарките на Вардар се вратија во трката за првото место во шампионатот откако вечерва на гостински терен, по втор пат оваа сезона, беа подобри од актуелниот шампион, Баскет Кам, славејќи со 43-53.

Како пресудна, се покажа третата четвртина, одлична за „вардарки“ на гостувањето во Македонска Каменица.

По нерешениот резултат на полувремето (22-22), екипата на Вардар направи големи (17-5) во третиот период, со најголема заслуга на Тасевска, која по еден поен во првиот дел, одигра одлично во нападот во второто. И што е поважно, беше иницијатор на таа победничка серија на гостинската екипа.

По три одиграни четвртини екипата од Скопје се одвои на високи (39-27), кои успеа да ги сочува во последните десет минути и да го победи Баскет кам.

Тасевска застана на 16 поени (плус шест скока), доби одлична помош од М.Николиќ, која додаде 11 поени, но имаше и 16 скока.

Во домашната екипа која го запиша вториот пораз во 12 одиграни кола, Димова имаше 13 поени (плус осум скока и три асистенции), Адамовска имаше 10 поени (и шест скока, три асистенции), додека Кметовска оствари двоен ефект од 10 поени и 17 скока (и четири асистенции).

КРИВА ПАЛАНКА – ПРОБАСКЕТ 63-52

Поразот на лидерот беше „добредојден“ за кошаркарките на Крива Паланка кои реализираа победа над кавадаречки Пробаскет.

Ниехуес реализираше дабл-дабл од 19 поени и 13 скока, одлична партија имаше капитенот Алексовска која освен 18 поени имаше и по пет скока, и исто толку успешни додавања. Робинсон постигна 13 поени, плус девет скока и три асистенци во десеттиот триумф во сезоната.

Во гостинската екипа, Томас постигна 18 поени, имаше и 12 скока, Јовановиќ додаде уште 14 поени (пет асистенции и четири скока).

Се вчитува...