Вардарки лесно се справија со Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар забележа убедлива победа против Пелистер со резултат од 84-33, во второто полуфинале од Купот на Македонија во женска конкуренција. Актуелниот бранител на трофејот ја оправда улогата на фаворит на оваа средба и закажа финале со Бадел.

Вардарки по неизвесните почетни 10 минути постепено ја презедоа контролата на мечот. Третата четвртина се покажа како пресудна, откако „црвено-црните“ направија серија од 28-4, пред се благодарение на агресивната одрана и одлично сработените контра-напади.

Славица Наков беше најефикасната кошаркарка од тимот на Вардар со реализирани 14 поени, Симона Деловска застана на 12, додека Едина Муса забележа дабл-дабл учинок од 10 поени и 13 скока.

 

Се вчитува...