„Вардарки“ подобри од Бадел во скопското дерби

Кошаркарките на Вардар забележаа голема победа во скопското дерби против Бадел, и тоа на гостински терен со 74-85. Гостинската екипа имаше добра прва и одлична последна четвртина преку кои и дојде до двата бода за задржување на првото место на првенствената табела.

По почетните (26:20) кои ги креираа „вардарки“ во првата четвртина и изедначената втора, домашната екипа одигра силно во третиот период, во кој не само што ја анулираше негативата од полувремето, (37:43), туку Бадел 1862 премина во водство (61:56). Сепак, во четвртината на одлука „вардарки“ заиграа максимално ефикасно, постигнаа 29 поени за десет минути, примија само 13, за двоцифрена победа, за нив шеста во седумте одиграни кола.

Тасевска го предводеше составот на Вардар, со двоен учинок од 22 поени и 12 скока, но и дополнителни седум асистенции. Пислевска ја следеше со реализација на 15 поени (шест скока и две асистенции). Кај Бадел, кој сега има скор (4-3), двоен ефект, од 19 поени и 18 скока реализираше Клири. Маркоска постигна 16, Чолакоска 13, Николов дојде до скор од 12 поени (и седум асистенции), а Петрушевска освен 10.поени оствари и осум скока.

Кошаркарките на МЗТ стигнаа до втората победа сезонава откако како гости го декласираа Патриот во Делчево со 53-92. Првото полувреме што аеродромки го добија со 27-49 само го трасираше патот до рутинскиот триумф, во кои шестмина кошаркарки имаа двоцифрен број на поени, најефикасни беа Алексова со 20 и Корли со 16 поени.

„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 7. КОЛО

Патриот 2016 – МЗТ Бела вода 53:92

Бадел 1862 – Вардар 74:85

7.ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

17.00: Пробаскет – Баскет кам (МРТ3)

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/k5WStW9XDwM?si=G7g8oVh2AK5dWHEp

19.30: Спорт тим – Крива Паланка

Сала „Младост“ – Неготино

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/26A77AtMyF0?si=2iopXbvVp8taMckn

ТАБЕЛА

1.Вардар 7 6 1 515:461 13

2.Крива Паланка 6 5 1 491:355 11

3.Баскет кам 6 5 1 412:313 11

4.Бадел 1862 7 4 3 512:461 11

5.Пробаскет 6 3 3 485:452 9

6.МЗТ Бела вода 7 2 5 430:457 9

7.Спорт тим 6 1 5 307:414 7

8.Патриот 2016 7 0 7 349:598 7

Се вчитува...