Одбојкарките на Вардар не успеаја да приредат изненадување во второто коло од Челинџ-купот на ЦЕВ губејќи со 3-0 на дуелот со Нитра.
„Црвено-црните“ настапија значително ослабени на оваа средба, без двете интернационалки кои поради проблеми со визите не можеа да отпатуваат на овој меч, а со лимитиран состав не успеаја посериозно да му се спротивстават на словачкиот претставник.
Нитра од самиот почеток наметна силно темпо, славејќи во првиот сет со убедливи 25-12. „Вардарки“ заиграа нешто подобро во остатокот од натпреварот, освоија по 17 поени и во вториот и во третиот сет, што сепак беше недоволно за да се избегне убедлив пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА