Вардарки против Металург по петта Куп титула

Ракометарките на Вардар и на Металург денеска (12.30 ч.) во Автокоманда ќе играат за победничкиот пехар во финалето од Купот на Македонија. И двете екипи до финалето стигнаа со убедливи победи во полуфиналните дуели, Вардар против Гевгелија (56-16),  а Металург против Прилеп (43-15), но вардарки ја имаат улогата на апсолутен фаворит за титулата во денешното финале.

Актуелниот европски вицешампион  е доминантен на домашната сцена во изминативе три години во кои освои три двојни круни. Заедно со првата титула во Купот освоена во 1994 година, во ерата на Кометал ЃП, Вардар има четири Куп титули во женска конкуренција, а според сите очекувања, денеска „црвено-црните“ ќе го подигнат престижниот пехар и по петти пат.

ЖРК Металур во својата ризница има три Куп титули освоени во периодот од 2010 до 2013 година од кога Вардар го презеде приматот.

Се вчитува...